Потребни документи

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2016/17 година, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
 
Документи за пријавување 
  • пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
  • писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и предлог на ментор од листата на ментори;
  • кратка биографија;
  • докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување
    • уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
    • уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
    • диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
    • диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
    • сертификат/ уверение за познавање на светски јазик (согласно глава III, точка 1, алинеја 5 од Конкурсот)
    • кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.Македонија.

Кандидатите кои II циклус на студии го завршиле во странство доставуваат нострифицирани докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување.  
Документацијата се доставува во фотокопија, заверена на нотар. Пријавите на кандидатите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.
Документите се доставуваат до Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на адреса: бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје. 

Документи за запишување 
  • индекс и пријавни листови;
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3.5x4.5 и една со димензии 2х3);
  • потврда за уплатена школарина за првиот семестар на докторски студии (школарината се плаќа на
    6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар, во денарска противвредност).
    При уплаќањето на првата рата, кандидатите:
    - 250 евра во денарска противвредност уплаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот
    „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 788 18; приходна шифра и програма: 723012 41; банка на примач: Народна банка на Република Македонија.
    - остатокот од износот го уплаќаат на сметка на факултетот/институтот – организатор на студиската програма.