Компјутерски науки и инженерство

Промените во областа на компјутерските науки и инженерство. никогаш не биле подинамични. Новите информациски технологии се развиваат постојано, при што нивниот трансфер допира насекаде во светот и се одвива со изразена временска динамика. Современите истражувања и студии во областа на инженерството, на светско ниво, како главен предизвик го имаат развојот на нови напредни технологии и методолгии кои ќе обезбедат современи решенија во областите на информациските и комуникациските технологии.

Во наставниот процес на студиската програма за докторски студии по компјутерски науки и инженерство ќе се следат светските и европските текови во високото образование на докторски студии и потребите на општеството. Таа се темели на современите научни сознанија во областа со што на студентите ќе им овозможи стекнување напредни научно-истражувачки, теоретски и практични знаења, како и да ги оспособи со истражувачки вештини, нови инженерски знаења и менаџерски вештини.

Со ваквата студиска програма се стремиме да ги поставиме во фокусот идните предизвици на информатичките науки и компјутерското инженерство кои може да бидат совладани преку континуирана надградба која, пак, е можна само врз база на современите научни сознанија.
 

Елаборатот за докторските студии по компјутерски науки и инженерство може да го најдете тука.
 
За повеќе информации Ве молиме да се обратите до раководителот на студиската програма, вон. проф. д-р Слободан Калајџиски.
 
    • Назив на предлагачот:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
    • Назив на студиската програма: Академски студии од трет циклус по Компјутерски науки и инженерство
    • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
    • Поле: компјутерски техника и информатика
    • Област: Компјутерски науки и инженерство
    • Вредноста на докторските студии изнесува 180 ЕКТС кредити.
    • Траење на студиите:3 години, 6 семестри.
    • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
    • Првата година се состои од наставни предмети, додека втората година се подготвува и пријавува докторската дисертација по што следи истражување, објавување резултати и пишување и одбрана на тезата. Секој година има и докторски семинар и годишна конференција со презентација на извештај.
    • Услови за запишување на студиите: Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
      • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
      • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација; 
      • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
      • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии); 
      • познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик. 
    • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
    • Бројот на контактните часови е 4
    • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
      – Доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство 
 
 Година на студии   Семестар   Активност  ЕКТС 
 I  1  Научно-истражувачка етика  4 
 Методологија на научно-истражувачка работа (од областа на КНИ) 4
 Изборен предмет за стекнување на генерички знаења* 4
 Изборен стручен предмет  7.5
 Изборен стручен предмет  7.5
 2  Изборен стручен предмет**  7.5
 Изборен стручен предмет  7.5
 Докторски семинар со презентација  2
 Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација)  14
 Годишна конференција со презентација на извештај  2
 II  3  Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација  28
 Докторски семинар со презентација  2
 4  Работилница за истражувачка практика  3
 Истражување и објавување резултати  25
 Годишна конференција си презентација на извештај  2
 III  5  Истражување и објавување резултати  28
 Докторски семинар со презентација  2
 6  Работилница за истражувачка практика  3
 Пишување и одбрана на тезата  25
 Годишна конференција со презентација на извештај  2
 

* Предметот може да се избере од предметите од табела 2 како и од Универзитетската листа на изборни предмети за генерички знаења
** Предметот може да се избере од предметите од табела 3, табела 4, од слободната листа на изборни предмети како и од сите акредитирани предмети од III циклус на студии при Универзитетот

 

При изборот на стручните предмети мора да се запазат следните правила:

    • Изборот на стручните предмети се прави во договор со согласниот потенцијален ментор на кандидатот.
    • Секој кандидат мора да има избрано стручни предмети така што ќе има минимум 3 (тројца) различни наставници на предметите.
    • Еден наставник смее да се појави во својство на наставник на максимално 2 изборни стручни предмети на еден кандидат.
    • Дозволено е максимално 2 (два) стручни изборни предмети да се изберат и од друга студиска програма од трет циклус студии при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, при што едниот е во изборниот слот **. 
    • Во случај на избор на предмети од друга студиска програма, Советот на докторски студии го разгледува изборот на кандидатот и презема мерки за да обезбеди соодветно непреклопување на наставните содржини на избраните предмети. 
Табела 1:Листа на понудени изборни предмети за стекнување на генерички знаења
  Код Предмети Семестар  ЕКТС  Предуслов
1  КНИ-Г2  Раководење со научно-истражувачки проекти  Прв  I  4   Нема
2  КНИ-Г3  Пишување научно-истражувачки труд  Прв  I  4  Нема
 
Табела 2: Изборни стручни предмети понудени на универзитетска листа на слободни изборни предмети од III циклус 
 Нов код  Наслов на предметот  ЕКТС  Семестар
 КНИ-С1  Визуелизација на информации   7.5  прв или втор
 КНИ-С5  Мрежи  7.5  прв или втор
 КНИ-С6  Откривање знаење во податоците  7.5  прв или втор
 КНИ-С11  Технологии за е-бизнис  7.5  прв или втор
 КНИ-С21  Теми во развој на софтвер  7.5  прв или втор
 КНИ-С28  Вовед во динамички системи и управување  7.5  прв или втор
 
Табела 3: Изборни стручни предмети  
 Нов код  Наслов на предметот  ЕКТС  Семестар
 КНИ-С2  Напредни кориснички интерфејси  7.5  прв или втор
 КНИ-С3  Биоинформатика  7.5  прв или втор
 КНИ-С4  Математичка биологија  7.5  прв или втор
 КНИ-С7  Деловна интелигенција  7.5  прв или втор
 КНИ-С8  Когнитивна роботика  7.5  прв или втор
 КНИ-С9  Семантички веб и семантички веб сервиси  7.5  прв или втор
 КНИ-С10  Современи методи за паралелно процесирање  7.5  прв или втор
 КНИ-С12  Напредни безжични компјутерски мрежи  7.5  прв или втор
 КНИ-С13  Сервисно ориентирани архитектури  7.5  прв или втор
 КНИ-С14  Напредни поглавја за системи за поддршка на учење на растојание  7.5  прв или втор
 КНИ-С15  Напредни мобилни информациони системи  7.5  прв или втор
 КНИ-С16  Напредни мултимедиски информациони системи  7.5  прв или втор
 КНИ-С17  Повеќе-агентни системи  7.5  прв или втор
 КНИ-С18  Напредни интелигентни информациони системи  7.5  прв или втор
 КНИ-С19  Компјутерска визија  7.5  прв или втор
 КНИ-С20  Меко пресметување  7.5  прв или втор
 КНИ-С22  Интелигентни софтверски алгоритми  7.5  прв или втор
 КНИ-С23  Еколошко моделирање  7.5  прв или втор
 КНИ-С24  Просторно-временски анализи со ГИС  7.5  прв или втор
 КНИ-С25  Процесирање на говор  7.5  прв или втор
 КНИ-С26  Процесирање и препознавање на слики и видео содржини  7.5  прв или втор
 КНИ-С27  Напредна обработка на текстуални податоци  7.5  прв или втор
 КНИ-С29  Скалабилно пребарување и класификација на слики и видеа  7.5  прв или втор
 КНИ-С30  Рударење на масивни податочни множества  7.5  прв или втор
 КНИ-С31  Учење со структурни податоци  7.5  прв или втор
 КНИ-С32  Анализа и еволуција на комплексни мрежи  7.5  прв или втор
 КНИ-С33  Напредни техники во облакот  7.5  прв или втор
Courses: