Родена е 1979 година во Скопје. Основно и средно училиште завршила во Скопје. Студии по информатика на ПМФ запишала во академската 1998/99 година. Дипломирала во 2003 година како најдобар студент на ПМФ со среден успех 9.16, и добила пофалница од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2009 година магистрирала на Институтот за информатика со магистерски труд под наслов “Споредба на перформансите на случајни кодови базирани на квазигрупи и кодовите на Рид-Милер и Рид-Соломон“,. Демонстратор на ИИ била од октомври 2002 година, а од септември 2006 година е помлад асистент. Изведувала нумерички (аудиториски) вежби по предметите: теорија на информациите, калкулус 1, калкулус2, веројатност и статистика, операциони истражувања, елементарна веројатност, елементарна статистика. лабораториски вежби по предметите теорија на информации, калкулус 1 и функции од повеќе променливи, како и лабораториски вежби по информатика за студентите по физика, математика-физика, за студентите на Филозофскиот факултет (група социјална работа и политика), на Стоматолошкиот факултет и на Факултетот за земјоделски науки и храна. Учествувала и во подготвителната настава за приемен испит по информатика за упис на ПМФ. Учествувала на неколку меѓународни и домашни конференции, семинари и школи и автор е на 4 научни трудови.