Докторски студии

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/23 година, пријавувањето на кандидатите за прв уписен рок ќе се одржува во периодот од 19.09.2022 до 07.10.2022 година.
Вориот рок ќе се одвива во период од 12.12.2022 до 23.12.2022 година.

Пријавувањето  на  кандидатите  се  врши  електронски,  со  испраќање  на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:

- електронска адреса на Универзитетската школа за докторски студии: skola_za_ds@ukim.edu.mk
- електронска адреса на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма: iii-finki@ukim.edu.mk

Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:

  •     пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
  •     писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
  •     кратка биографија;
  •     докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа: - уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии - уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии - диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии - диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии - сертификат/ уверение за познавање на светски јазик - кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија. “

Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2022/2023 година во првиот рок ќе запише вкупно 128 студенти на докторски студии.

Распределбата на слободните места по студиски програми, како и висината на вкупната школарина за секоја од студиските програми можете да ја погледнете во делот Квоти.

 
Листата на потенцијални ментори со бројна слободни места по студиски програми е објавена на: http://ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8
 
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на докторски студии, се дадени во делот Потребни документи.
 
 
Условите кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат за да се запишат на докторски студии, се дадени во делот Услови