Почитувани асистенти, стручни соработници и студенти на постдипломски студии на ФИНКИ, ве известуваме дека од 07.11 до 02.12.2011 година во Скопје, во просториите на ФИНКИ на ПМФ (лаб 4) ќе се одржи интензивен курс по предметот од постдипломски (докторски - со идентификација за втор и трет степен) студии: Data Structures and High Performance Computing. Точните термини за одржување ќе Ви бидат соопштени од професорот - кај кој е потребно да се пријавите - проф. д-р Марјан Гушев. Пријавувањето оди по мејл, на marjan.gushev@finki.ukim.mk.

Повеќе информации за проектот и курсот можете да дознаете на официјалната веб страна на проектот.

Курсот го изведуваат три наставници (од кои два од Австрија) во рамки на ТЕМПУС проектот MathSEE за организирање на взаемни докторски студии од областа на применета математика помеѓу повеќе партнери и институции од Европа и Балканот. За следење на курсот кандидатите не плаќаат - трошоците се комплетно покриено од ТЕМПУС проектот. За курсот нема да бидат признаени ЕКТС кредити, освен ако советот на последипломските студии на кои студирате не го дозволи тоа.