Компанијата iborn.net објавува отворен конкурс за позицијата Софтверски инженер за квалитет на софтвер и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

 

Компанијата има потреба од софтверски инженер за квалитет на софтвер кој ќе помогне во процесот на спроведување и контрола на квалитет на софтверски решенија од најразличен домен. Кандидатите за оваа позиција потребно е да имаат познавање од анализа и спецификација на клиентски барања, концепти на тестирање, дефинирање тест сценарија и извршување на различни видови тестови (мануелно и автоматски), напредно познавање на англискиот јазик,  основно познавање на SQL, C#, JavaScript, HTML5, CSS3,  ASP.NET MVC, Entity Framework.

 

Повеќе за потребните квалификации на кандидатите и дополнителни информации за компанијата може да најдете во целосниот оглас на овој линк.

 

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на веб страницата на компанијата.

1