Почитувани,

Ве известуваме дека согласно дописот од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и министерството склучија договор за доставување на личните податоци за дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот.

Согласно договорот ќе бидат давани лични податоци на користење за лицата кои имаат статус на студент или статус на дипломиран студент на Високообразовната установа, чија имплементација е во надлежност на Високообразовната установа.

Податоците, Високообразовната установа ги доставува до Министерството со цел да бидат обработени и употребени во Опсерваторијата на вештини која претставува алатка за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд и чија функција е спроведување на политиките во дејностите образование и наука. Опсерваторијата на вештини ќе нуди: информации за постоеч­ки­те кариери кои ги нудат институциите за средно и високо образование како и образование за возрасни; информации за наставните програми и развој на вештини; информации за работните места на дипломираните ученици/студенти; пристап до информации за побарувачката на работни места и економскиот развој; предвидување на побарувачката на вештини на пазарот на труд и профили на работни места и пристап до истражувања во однос на усогласување на образованието и пазарот на труд.

Податоците се доставуваат до Министерството со цел да бидат обработени и употребени во спроведувањето на Трејсерстудијата,која е еден од чекорите на имплементација на Опсерваторијата на вештини и која се спроведува со цел да се направи анализа за утврдување на вработливоста на завршените ученици и студенти.

 При натамошната обработка на личните податоци на студентите од страна на Министерството,соодветно се применуваат одредбите од овој договорот, при што Министерството и Високообразовната установа се согласуваат да постапуваат согласно прописите за заштита на личните податоци.