Во петок, 15 април, 2016 година, со почеток во 12 часот, во центарот за социјални иновации на Факултетот за  информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи прес конференција за означување на почетокот на Kлиматскиот предизвик отворен за сите граѓани на Македонија – Пак Од Тебе Зависи. Конкурсот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство  со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање,  Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

На прес конференцијата поканети се да присуствуваат сите заинтересирани студенти. 

Подетални информации за климатскиот предизвик можете да погледнете на www.odtebezavisi.mk