ФИНКИ во соработка со Digital Security Group, Radboud University, во Најмеген, Холандија, во периодот 12-16 септември организира курс на тема “Инженеринг на криптографски софтвер”. Предавач на курсот ќе биде Питер Швабе, еден од водечките експерти од областа на оптимизација на код за криптографски потреби. Наставата ќе биде изведена на англиски јазик.

Курсот е отворен за сите заинтересирани студенти на ФИНКИ, но и за надворешни слушатели. Студентите на ФИНКИ ќе имаат можност и да се стекнат со 2 ЕКТС кредити доколку успешно го завршат курсот. Подетални информации ќе најдете во датотеките во прилог, а доколку имате дополнителни прашања обратете се на simona.samardjiska@finki.ukim.mk

Кандидатите кои сакаат да се пријават за курсот треба да испратат маил со основни лични податоци (име, презиме, индекс) на simona.samardjiska@finki.ukim.mkнајдоцна до 10 септември 2016 година.

ДокументГолемина на документ
PDF icon cryptoengineering.pdf129.36 KB
1