Во рамките на Х2020 проектот Виртуелни истражувачки околини за регионалните интердисциплинарни заедници во југоисточна Европа и источен Медитеран - ВИ-СЕЕМ, на 30.08.2016 година ќе се оджи еднодневен тренинг: VI-SEEM Life sciences and Climate national training event. Тренинигот е наменет за истражувачите од областите климатологија и науки за животот, за нивно поуспешно вклучување во современите трендови на компјутерско потпомогнато истражување и користење на раслоложливите е-Инфраструктури на национално и европско ниво. 
 
Повеќе информаци за тренингот (агенда, предавачи, материјали) ќе најдете на страницата:
 
 
Тренингот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Анекс на ТМФ), во периодот од 10:00 до 16:00 часот. 
Ве повикуваме да учествувате на овој настан за да се запознаете со можностите што ги нуди инфраструктурата во рамките на овој проект, но и пошироко, како и за воспоставување на нови контакти и можности за соработка. 
 
За учество, ве молиме да се регистрирате на следната страница најдоцна до 28.08.2016 година: 
 
1