Иноватика ДОО, во соработка со Xplorify GmbH – Austria, има потреба од проширувње на тимот. За таа цел има потреба од практикант кој би сакал да го надогради своето знаење со работа на реален проект. Поконкретно, обврските на кандидатот ќе бидат поврзани со работа на проектот Xplorify - едукативна платформа за онлајн курсеви во живо.

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.
 

ШТО БАРАМЕ?

• Завршна година на студии на ФИНКИ или друг факултет за компјутерски науки
• Високо разбирање на компјутерските концепти како алгоритми, дата структури, датабази, протоколи како HTTP/TCP
• Познавање на технологиите: JavaScript, .NEТ
• Посветеност кон работата, технолошка љубопитност и подготвеност за усовршување
• Способност за индивидуална и тимска работа
• Динамичен/а. Иницијативен/а и насочен/а кон резултати
 

ШТО НУДИМЕ?

• Едномесечна пракса од дома (online)
• Можност за вработување по завршување на праксата
• Практична примена на наученото со работа на проекти
• Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
• Работење со високо-мотивиран тим и околина која овозможува многу можности за професионално надградување
 

Огласот важи за кандидати од цела Македонија.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ.

Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата професионална биографија со назнака на апликацијата: „Програмер - Практикант“ во Subject на следната е-маил адреса:
marija.arsoska@inovatika.net

http://inovatika.net
http://xplorify.mk 
Kонтакт тел. +389 (78) 246468

 

1