Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој. Повеќе информации може да најдете на официјалната веб страна на МКхост на: www.mkhost.com.mk 

Студенти кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

- Frontend developer (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Основи на веб дизајн / Напреден веб дизајн)
Изработка на веб страници користејќи HTML5 / CSS / JavaScript.
Oптимизација на веб страници за мобилни уреди.
Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
Креирање на front end за веб базирани апликации.

- PHP developer (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Програмски практикум)
Работа на поголем PHP базиран веб проект со одбран framework.
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци. 
Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси.

- System administrator (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Оперативни системи и/или Безбедност на компјутерски системи) 
Мониторинг на Linux базирани сервери. Креирање на bash скрипти. Учење на cPanel/WHM панел за администрирање на сервер наменет за веб хостинг. 
Конфигурација на email сервиси, анти спам филтри, заштита од вируси и malware. 
Креирање и управување со DNS системи. Инсталација и користење на SSL сертификати. Користење на клучеви и безбедност во компјутерски системи. 
Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има технички проблем.

- Агент за поддршка и продажба (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Управување со техничка поддршка и/или Маркетинг)
Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.
Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик / проблем.

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.
Праксата е во траење од 2 месеци во периодот јуни, јули, август . Работно време од 09 - 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А - Капитол Мол, Аеродром, Скопје). 
По завршување на праксата има можност за вработување. 
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат за која од наведените работи се заинтересирани преку емаил на praksa@mkhost.com.mk .
Рокот за аплицирање за праксите трае до среда, 01.06.2016 година.

0