Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на првиот акдемски час за академската 2016/2017 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Првиот час ќе се одржи во Дом на АРМ на 15.09.2016 година, со почеток во 11:00 часот.

Ни претставува особена чест и задоволство што првиот час на ФИНКИ ќе го отвори ректорот на Универзитетот  "Св. Кирил и Методиј", проф. д-р Никола Јанкуловски.

Редовната настава на факултетот започнува на 19.9.2016 (понеделник). Распоредот ќе биде дополнително објавен.

 

12002308_1043603539025220_3788650049719620510_n.jpg

0