27185450372_a24cd47f70_z_0.jpg

На 08.06.2016 (среда) од 19:00 до 21:00 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации на ФИНКИ во Скопје ќе се оддржи последниот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon на тема "Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици?".  Настанот е предводен од страна на група волонтери и со поддршка од ФИНКИ, Social Innovation Hub, Бизнис Академија Смилевски и Smart Up – Creating the geeks of tomorrow.

На официјалниот лиценциран настан на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе се прикажат 2 TED говори, проследени со панел дискусија. Целта на овој настан е едуцирање меѓу учесниците подетално за тоа што претставува иднината на технолошките иновации, кои се нивните очекувани резултати и што точно се случува моментално во светот и кај нас на ова поле и сето тоа преку стимулирање на дискусија помеѓу учесниците. Главната идеја на настанот е преку интересни теми да се стимулираат љубителите на добра дискусија да се соберат на едно место и да се вмрежат, а истовремено и да научат нешто ново. Поканети гости на овој настан ќе бидат вонр. проф. д-р Иван Чорбев од ФИНКИ и Хајан Селамни од ХАСЕЛТ

Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк: http://goo.gl/forms/3qKkxq9d8HCTMlHC2

Капацитетот е 25 учесници, а крајниот рок за апликација е 6.6.2016 до 12:00 часот.

 
0