Во периодот од 4-ти до 6-ти април традиционално на техничкиот кампус при УКИМ ќе се одржи саемот за вработување и пракса - КОНТАКТ. И оваа година ФИНКИ е дел од настанот.

 

Цели на настанот:

 

► Да воспостави контакт помеѓу компаниите и студентите;

► Да ги поттикне студентите да посегнат по нови можности и да ги охрабри да го преземат, за некои од нив, првиот чекор кон градење на својата кариера;

► Студентите да се запознаат со можностите кои ги нудат компаниите на пазарот директно од вистинските луѓе - компаниите учеснички;

► Локацијата каде се одржува настанот (факултетскиот кампус) им нуди можност на компаниите непосредно да се запознаат со студентите, а со тоа на полесен начин да пронајдат високо квалификуван кадар;

► Студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа;

► Самите компании да стекнат увид во знаењата и вештините на студентите, да направат селекција на кадарот кој им е потребен и да им се овозможи брз и лесен пристап до профилот на студентите-апсолвенти.

 

Агенда на настанот:

 

Агендата на настанот се дели на два дела: Едукативен и Саемски дел.

Саемскиот дел се состои од презентации на компаниите и саемски дел, како и презентации на професори на теми поврзани со успешно градење на кариера, додека во Едукативниот дел се опфатени предавања и обуки од страна на професионални и стручни предавачи на теми дефинирани со агендата.

 

За деталната агенда и повеќе информации посетете го сајтот на Контакт http://kontakt.org.mk/ или официјалната страна на Facebook.