Компјутерски науки (4+1)

1. Општи информации
 
Постдипломските студии по компјутерски науки се стремат кон врвно европско образование и обучување кадри, кои по завршувањето на студиите ќе можат да ги задоволат потребите на како на комерцијалните комании од информатичката индустрија, така и врвните научно – истражувачки институции во земјава и во странство.
 
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Компјутерски науки 
  • Научно - истражувачко подрачје: природно -математичко
  • Поле: информатика
  • Област: Информациони системи и програмирање, Сметачки интегрирани методи и апликации, Алгоритми, Оптимизација, Симулација, Развивање на софтвер и бази на податоци. 
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот се состои од наставни предмети и од завршниот проект, т.е. магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 1 изборен, кој може да биде од 
  • Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 3 изборни предмети, од кои еден може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметот е избран на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4. 
 
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на компјутерски науки
 
2. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии 

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 проф. Д-р Ана Мадевска-Богданова, доц. Д-р Марија Михова, доц. Д-р Анастас Мишев, доц. Д-р Боро Јакимовски

 Напредни алгоритми

IX

6

 2

 доц. Д-р Боро Јакимовски, доц. Д-р Јасен Марковски

 Формални методи

IX

6

 3

 проф. Д-р Ванчо Кусакатов, проф. Д-р Маргита Кон-Поповска, доц. Д-р Весна Димитриевска Ристовска

 Оптимизација

IX

6

 4

 

 Изборен предмет

IX

6

 5

 

 Изборен предмет

X

6

 6

 

 Изборен предмет

X

6

 7

 

 Изборен предмет

X

6

 

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.