Содржински базирано пребарување (4+1)

1. Општи информации

Постдипломските студии по содржински базирано пребарување (multimedia data engineering) ќе ги оспособат студентите за разбирање и развивање на напредни алгоритми и техники за анализа, индексирање и споредување по содржина на најразлични податочни типови вклучувајќи ги најновите технологии од областите бази на податоци и компјутерска интелигенција.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Содржински базирано пребарување
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко - технолошки науки
  • Поле: компјутерска техника и информатика
  • Област: обработка на информации
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Во првиот и вториот семестар се изведуваат наставни предмети, додека пак во вториот семестар дополнително се изработува и завршниот проект, т.е. магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство - област содржински базирано пребарување
 
2. Студии

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии 

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 доц. Д-р Слободан Калајџиски

 Моделирање и репрезентација на неструктурирани податоци

IX

6

 2

 доц. Д-р Ивица Димитровски, доц. Д-р Соња Гиевска

 Содржински базирано индексирање и пребарување

IX

6

 3

 

 Задолжителен општо-образовен предмет

IX

6

 4

 

 Изборен предмет

IX

6

 5

 

 Изборен предмет

IX

6

 6

 доц. Д-р Игор Трајковски

 Податочна фузија

X

6

 7

 

 Изборен предмет

X

6

 Општо-образовни задолжителни предмети

 1

 

 Истражувачки методи и техники за пишување 

IX 

6

 2

 

 Проектен менаџмент

IX 

6

 

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.