Потребни документи
При пријавувањето за запишување на ФИНКИ, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
  • пријава за запишување (образец А1)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
  • потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
  • интерен пријавен лист (овој лист го генерира iKnow системот и можете да го преземете за печатење од iKnow, под делот Поднесување)
 
Поради тоа што пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.