Microsoft, како глобален бренд кој преку своето долгогодишно делување, допринесува во повеќе сфери во државата, а својот допринес најмногу го акцентира и фокусира во образованието.

Согласно модерниот животен ритам и внесување на новитети, како и размрдување на одредени теми ви општеството, во Март и Април 2019 година, Microsoft заедно со ФИНКИ ја организираше серијата настани, DigiGirlz.

Настан наменет да понуди инспирација, едукација и поддршка на секое девојче кое сонува да биде дел од IT светот, девојче кое сонува да изгради кариера во оваа сфера.

На настанот свои обраќања имаа, преставници од Microsoft, претставници од ФИНКИ и почесни гости-спикери, односно успешни и реномирани жени кои се докажани во бизнис и IT сферата во земјата.

3s3a8859.jpg

3s3a8640.jpg

3s3a8943.jpg

3s3a9056.jpg

0