Предавање на тема „Синдром на суво око“ на ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ве поканува на предавање на тема „Синдром на суво око“, кое ќе се одржи на 5 ноември 2026 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во амфитеатар А1.

Предавањето ќе го одржи насл. доц. д-р Христијан Дума, специјалист офталмолог, а ќе биде посветено на синдромот на суво око и важноста на грижата за здравјето на очите, особено кај лицата кои поминуваат значителен дел од денот пред компјутерски екрани.

Преку предавањето ќе се отворат прашања поврзани со секојдневните навики и здравјето на очите:

  • Колку често трепкаме додека читаме на екран?
  • Дали заморот на очите секогаш е последица на недостиг од сон?
  • Како да ги препознаеме знаците на замор и непријатност во очите?

Информации за предавањето:

  • Датум: 5 ноември 2026 година (четврток)
  • Време: 14:00 часот
  • Локација: Амфитеатар А1
  • Предавач: Насл. доц. д-р Христијан Дума, специјалист офталмолог

Ги покануваме студентите, вработените и сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето и да дознаат повеќе за значењето на правилната грижа за здравјето на очите.

Малите совети прават голема разлика!