Сите студенти на ФИНКИ кои сакаат да направат промена на студиската програма, согласно одлуката на ННС на ФИНКИ, истото можат да го направат во периодот 02.09.2019 до 10.09.2019 година.
Молбите за промена на студиската програма се поднесуваат преку системот за молби http://molbi.finki.ukim.mk.
 
По одобрување на молбата студентите треба да го испечатат и потпишат документот кој ќе го добијат на емаил и заедно со уплатница 1000МКД на сметката на ФИНКИ со назнака за промена на студиска програма (согласно ценовникот на ФИНКИ ) да го достават во службата за студентски прашања најдоцна до 20.09.2019 година.
 
Можност за префрлување на новите студиски програми од 2018 година имаат студентите кои се прв пат запишани во 2017/2018 и 2018/2019 учебна година.