Почитувани идни студенти,

Започна електронското пријавување на нови студенти на ФИНКИ. Секој заинтересиран кандидат може да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот кој кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Детали за студиските програми може да се најдат во делот Студии-Додипломски студии на сајтот на ФИНКИ или на следниот линк.

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/20 година, формалното пријавување на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 29-ти и 30-ти август 2019 година (9:00 - 14.30 часот). Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на 12-ти и 13-ти септември 2019 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на 25-ти септември 2019 година.

0