Наси Јофче е роден на 31.12.1995 во Пустец, Албанија. Завршил средно образование во Корча, Албанија со високи резултати за кои беше награден со наградата “Златен Медал”. Во 2014 година се зaпишува на додипломски студии на ФИНКИ во Скопје, каде во текот на студиите е наградуван за високите достигнувања на годишно ниво. Дипломрал со просек 9.76 во Септември 2018 година. Истата година се запишува на магистерски студии на ФИНКИ, насока Управување во Информатички Технологии, и успешно го одбранува својот магистерски труд во Декември 2019. Од 2017 година е ангажиран како демонстратор на ФИНКИ за изведување на лабораториски и аудиториски вежби по неколку предмети од областа на компјутерски архитектури, оперативни системи и бази на податоци. Тековниот работен интерес и истражувачката дејност ги насочува во областа на обработка на природни јазици и градење на веб базирани системи.