Во периодот од 17-19 септември 2018 година во хотел Метропол, Охрид се одржа ICT Innovations 2018 конференција. Ове беше 10-та по ред ICT Innovations конференција. Почетоците на ICT Innovations конференциите датираат од 2009 година, кога во Охрид, прод. Давчев и проф. Гомез ја организираа првата ICT Innovations конференција. Во текот на нејзиното десетгодишно постоење, со порастот на полето и на заедницата, конференцијата се прошири и порасна во содржина, форма и посетеност.

Оваа година, конференцијата ICT Innovations привлече повеќе од 170 автори од 20 земји, што укажуваа на признавање и препознавање на конференцијата од страна на меѓународната научна заедница. На конференцијата пристигнаа 87 трудови, од кои 21 беа прифатени за објавување во Springer изданието на конференцијата, а 32 (од кои 6 како постери) во веб изданието на конференцијата. Конференцијата понуди богата научна програма, вклучувајќи ги главните предавачи од реномирани институции, големиот број презентации на прифатените трудови, како и четири работилници кои се одвиваа паралелно со конференцијата.

Претседавачи на конференцијата беа проф. д-р Слободан Калајџиски и вон. проф. д-р Невена Ацковска, а овогодинешната тема на конференцијата беше "Еngineering and Life Sciences". Повеќе детали за конференцијата може да се најдат на веб страната www.ictinnovations.org.

dsc00300.jpg  dsc00388.jpg  dsc00995.jpg

0