Минатата недела на 16 октомври 2019 година во Скопје на ФИНКИ се одржа вториот уредувачкиот маратон Wikigap #DriveForDemocracy зчија цел е да се зголеми бројот на текстови на Википедија за истакнати жени од Северна Македонија и светот кои оствариле значаен придонес на полето на човековите прва и развојот и унапредувањето на демократијата.

 

Во организација на Шведската амбасада заедно со канцеларијата на UN Women во Скопје и Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик) и ФИНКИ во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерти, и академската сфера, второто издание на Wikigap уредувачкиот маратон обедини 20тина нови уреднички и уредници на Википедија кои во просториите на ФИНКИ здружено работеа на креирање и подобрување на содржини, а во функција на унапредување на родовата еднаквост и застапеноста на жените во онлајн светот.

Wikigap е всушност глобална шведска иницијатива покрената од Министерството за надворешни работи на Шведска и Викимедија Шведска, со цел да се зголемат содржините за жени и женскитете права во интернет просторот, а со тоа и самата нивна видливост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е креирана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.

Иницијативата до сега генерираше околу 3000 нови или проширени биографии на жени на Википедија, со повеќе од 1600 учесници во 50ина земји кои пишуваа статии за жени на повеќе од 30 јазици.

Со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија, на 2то издание на Wikigap Скопје беа креирани беа повеќе од 50тина статии на Википедија на македонски јазик за жени кои оствриле значаен придонес на полето на човековите права и развојот и унапредувањето на демократијата, а  за кои нема статија (или е многу оскудна).

 

“Многу луѓе денес, особено помладите генерации, го користат интернетот како главен извор на информации. Интернетот ги обликува мислењата и умовите на младите луѓе, кои минуваат голем дел од животот пред лаптопите и мобилните телефони, а еден од најголемите извори на информации кои тие го користат денес е Википедија. Знаењето е моќ, а Википедија има потенцијал да го обои нашето гледиште за светот. Но, постои голема нерамнотежа помеѓу мажите и жените на оваа еницкилопедија, и воопшто во општеството.” кажа амбасадорот на Шведска во Северна Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

 

Присутните Вики волонтери ги поздравија и раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје Весна Ивановиќ Кастаред, како и продеканката на ФИНКИ Весна Димитрова, а преку видео порака ги поздрави и министерката за труд и соцјална политика Мила Царовска кои ги поздравија волонтерите и ги пофалија за нивната посветеност кон унапредувањето на родовиот јаз и им посакаа успешна работа.

img_1118.jpg

img_1097.jpg

photo_2019-10-21_03.10.56.652_pm.jpeg

0