Листа на пријавени кандидати со успех од средно образование од прв уписен рок 2026/2027 година
Почитувани,
Во прилог е листата на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2026/2027 година. Листата можете да ја најдете на следниот линк.
Листата ги содржи информациите за она што е пополнето во документите и не дава информација за рангирањето на кандидатите. Листата содржи број на кандидатот, првиот избор на студиска програма, дали кандидатот избрал кофинансирање или не, редослед на изборите на насоки по приоритет, како и поените од успехот.
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, најдоцна до 25.08.2026 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти. Приговорите се доставуваат со пополнување на формата на следниот линк.
Техничките пропусти се однесуваат на:
- Печатна грешка на основен избор на студиска програма
- Избор со кофинансирање
- Редослед на студиски програми
- Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)