Додипломски студии

 Термин  Час  Активност
 18 – 19.08.2026  09:00-14:30  Пријавување на кандидати за првиот уписен рок
 24.08.2026  до 16:00  Објавување резултати од успехот од средно образование
 25.08.2026  до 10:00  Рок за приговори до Конкурсната комисија (приговорите се  однесуваат само на технички пропусти)
 25.08.2026  до 16:00  Одговор на приговорите и објавување на прелиминарна  ранг листа
 26.08.2026  до 10:00  Рок за приговори до Управата на Факултетот (приговорите се однесуваат само на технички пропусти)
 27.08.2026  до 16:00  Објавување решение за прием на кандидатите
 03 – 04.09.2026  09:00-14:30  Запишување на кандидатите

 

 Информација за уписот на нови студенти на ФИНКИ

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2026/27 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на:
  • за првиот уписен рок на 18.8. и 19.8.2026 година
  • за вториот уписен рок на 10.9. и 11.9.2026 година
  • за третиот уписен рок на 23.9.2026 година
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 14:30 часот.
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование. Подетани информации се поставени на линкот за Пресметување на бодови.
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ, како и начинот на пресметување на поените, се дадени во делот Потребни предмети.
Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи

 

Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2026/2027 година ќе запише вкупно 800 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од  студиски програми:
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ
Официјални информации за акредитацијата на студиските програми се објавени од Агенција за квалитет во високото образование (ЛИНК 1ЛИНК 2ЛИНК 3ЛИНК 4), а точната распределба на слободни места во секоја од нив може да се погледне во делот Квоти.