Потребни документи

Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

 

Во прилог на приjавата, треба да се донесат следниве документи:

1. Изјава за доставени документи
2. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ
3.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (
пример уплатница)
3.а.1.    
Договор за студирање во државна квота во два примероци
3.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (
пример уплатница), како и
3.б.1.    
Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
3.б.2.    
Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
4. Потврда за уплата на 1000,00 денари на сметката на ФИНКИ за трошоци од специфика на студиската програма. (пример уплатница)
5. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
6. Потврда за уплатени 350,00 денари – Е-УКИМ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)