Ориентациски ден 2026

Драги бруцоши,

Ве покануваме на Ориентацискиот ден на ФИНКИ, кој ќе се одржи на 1 октомври, со почеток во 13:00 часот, во големиот амфитеатар (линк со локација).

Распоред:

  • 13:00 – Добре дојде на ФИНКИ
  • 13:30 – Мапа низ хаосот
  • 14:30 – Студентски бенефиции: стипендии, субвенциониран оброк и други поволности
  • 15:15 – Focus Lab
  • 16:00 – Ние сме тука кога ти треба глас
  • 17:00 – Како да бидеш успешен студент, а да не заборавиш да уживаш?

Ќе имате можност да слушнете корисни совети од деканот, професорите и асистентите, како и од претставниците на ФСС ФИНКИ, но и да се запознаете со вашите нови колеги уште пред почетокот на првите предавања.

Ве очекуваме!