Соопштение за промена на студиска програма

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во периодот од 01.09.2026 до 10.09.2026 година можете да поднесете молба за промена на студиска програма преку системот ekvivalencii.finki.ukim.mk

Студентите кои се запишале на ФИНКИ во периодот од 2018 до 2022 година, а имаат заостанати предмети од прва година, потребно е да поднесат барање за промена на студиска програма согласно акредитацијата од 2023 година.

Ве молиме да го запазите предвидениот рок за поднесување на барањето.

 

НАПОМЕНА: Префрлувањето од една во друга студиска програма се наплатува согласно ценовникот објавен на страната на ФИНКИ.