Уште една успешна генерација од CyberMACS програмата!
🎓 Уште една успешна генерација од CyberMACS програмата!🛡️✨
Минатата недела, дел од кадарот на ФИНКИ беа гости на Меѓународната конференција и летна школа за применета сајбер-безбедност – (IACyC) 2026 на Универзитетот Kadir Has во Истанбул, Турција. 🇹🇷✈️
Во рамки на конференцијата, гости предавачи беа нашите професори: 🎤📚
• проф. д-р Весна Димитрова
• проф. д-р Христина Михајлоска Трпческа
• проф. д-р Бобан Јоксимоски
• проф. д-р Панче Рибарски
Исто така, се одржа одбрана на магистерските тези за студенти од уште една успешна генерација од CyberMACS програмата, каде нашите професори беа дел од комисијата за одбраните. 📜🎉
Им честитаме на новите магистри за успешните одбрани, како и на нивните ментори и членови на комисијата! 👏🎓 Упатуваме голема благодарност до Универзитетот Kadir Has за нивното прекрасно гостопримство и се надеваме на уште посилна заедничка соработка во иднина! 🤝🌐