Документи за пријавување и запишување 
 
Пред пријавувањето  во  роковите  утврдени  со  Конкурсот,  секој  заинтересиран  кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.  Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на избраниот факултет.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
 
  • пријавен лист за запишување; 
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV); 
  • потврда за активно познавање странски јазик (од Блаже Конески или меѓународен сертификат); 
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив  на  примачот:  Трезорска  сметка-Скопје;  Банка  на  примачот:  НБРСМ;  Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви); 
  • список  на  стручни  или  научни  трудови  и  примерок  од  нив  (доколку  кандидатите имаат); 
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • индекс и пријавни листови  
  • две фотографии (3,5х4,5)
  • Извод од матичната книга на родените (оригинал)
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)