Софтверско инженерство и информациски системи

Софтверско инженерство и информациски системи (3 годишни)

Општи информации

Овие студии имаат за цел обезбедување на врвен инженерски кадар за задоволување на се поголемата побарувачка за софтверски инженери, особено програмери. Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со знаења кои им обезбедуваат голема професионална флексибилност и широк избор на работни места секаде каде постои потреба од анализа, спецификација, дизајн, проектирање, имплементација и програмирање, проектно управување и одржување на софтвер и информациски системи. Дипломираниот инженер од овој профил својата кариера може да ја гради во софтверската индустријата, во јавниот и услужениот сектор, но, особено во компаниите за развој на софтвер, кај информациските системи што треба да работат во реално време, мобилните и хибридни апликации, софтвери кои работат на интернет и во облак, напредни кориснички интерфејси, решенија поврзани со дизајн и имплементација на софтверски системи и друго.

Стекната титула по завршување на студиската програма

Дипломиран инженер по информатички технологии и компјутерско инженерство, насока софтверско инженерство и информациски системи
Bachelor of Science in Software Engineering and Information Technologies (180 ECTS)

Наставна програма

Во наставната програма е предвидено да има 22 задолжителни предмети, и 9 изборни предмети. Сите изборни предмети се поделени во три групи на тежина (Н1, Н2 и Н3). Тежината е прикажана во кодот на предметите. Предмети што содржат L1 се предмети од група на тежина Н1. Предмети што содржат L2 се предмети од група на тежина Н2. Предмети што во кодот содржат L3, се предмети од група на тежина Н3. Правилата за изборност на предмети според нивото се дефинирани како: • Број на предмети од Н1- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н1 не смее да надминува 6 кредити. • Број на предмети од Н2- вкупниот број кредити на избрани изборни предмети од групата Н2 не смее да надминува 36 кредити. • Број на предмети од Н3 – нема ограничување во бројот на избрани предмети од групата Н3. Студентот може да избере и повеќе предмети од групата Н1 и групата Н2 од предвидениот број, но, во тој случај кредитите освоени за овие предмети не влегуваат во вкупниот број на кредити потребни за стекнување на дипломата. Студентот може да добие најмногу 6 ЕКТС кредити од екстракурикуларни активности одобрени од наставно научниот совет на факултетот. Положените предмети и освоените кредити ќе бидат дел од листата на положени предмети во уверението за положени предмети по завршување на факултетот.

Семестар: 2

Задолжителни предмети

Код Предмет
F23L1S003 Архитектура и организација на компјутери
F23L1S016 Објектно-ориентирано програмирање
F23L2S001 Математика 2
F23L2S015 Објектно ориентирана анализа и дизајн
Изборен предмет со код што започнува на F23L1S F23L1S

Семестар: 3

Задолжителни предмети

Код Предмет
F23L2W001 Алгоритми и податочни структури
F23L2W014 Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W001 Математика 3
Изборен предмет со код што започнува на F23L2W F23L2W
Изборен предмет со код што започнува на F23L2W F23L2W

Семестар: 4

Задолжителни предмети

Код Предмет
F23L2S002 Анализа на софтверските барања
F23L2S017 Оперативни системи
F23L2S030 Вештачка интелигенција
F23L3S100 Деловна пракса
Изборен предмет со код што започнува на F23L2S F23L2S

Семестар: 5

Задолжителни предмети

Код Предмет
F23L3W004 Бази на податоци
F23L3W008 Вовед во науката за податоци
F23L3W009 Дизајн и архитектура на софтвер
Изборен предмет со код што започнува на F23L3W F23L3W
Изборен предмет со код што започнува на F23L3W F23L3W

Семестар: 6

Задолжителни предмети

Код Предмет
F23L3S019 Софтверски квалитет и тестирање
F23L3S168 Дипломска работа
Изборен предмет со код што започнува на F23L3S F23L3S
Изборен предмет со код што започнува на F23L3S F23L3S
Изборен предмет со код што започнува на F23L3S F23L3S

Изборни предмети од група F23L1S

Код Предмет Препорачан семстар Зависности
F23L1S052 Е-учење 2
F23L1S116 Компјутерски компоненти 2
F23L1S120 Креативни вештини за решавање проблеми 2 нема
F23L1S146 Основи на Веб дизајн 2
F23L2S066 F23L1S066 Основи на сајбер безбедноста 2 нема

Изборни предмети од група F23L2S

Код Предмет Препорачан семстар Зависности
F23L1S026 F23L2S026 Маркетинг 4 Освоени најмалку 36 ЕКТС
F23L2S042 Електрични кола 4 Освоени најмалку 36 ЕКТС
F23L2S051 Информатичко размислување во образованието 4 Вовед во компјутерски науки
F23L2S061 Безжични и мобилни системи 4 Освоени најмалку 36 ЕКТС
F23L2S082 Визуелно програмирање 4 Објектно ориентирано програмирање
F23L2S084 Вовед во екоинформатиката 4 Вовед во компјутерските науки
F23L2S090 Вовед во случајни процеси 4 Освоени најмалку 36 ЕКТС
F23L2S095 Дигитално процесирање на слика 4 Дсикретна математика или Дискретни структури 2 или Математика 2 или Избрани теми од математика
F23L2S097 Дизајн на алгоритми 4 Дискретна математика или Дискретни структури 2 или Математика 2 или Избрани теми од математика
F23L2S099 Е-влада 4 Бизнис и менаџмент
F23L2S110 Интернет технологии 4 Објектно-ориентирано програмирање
F23L2S114 Компјутерска графика 4 Објектно-ориентирано програмирање
F23L2S119 Концепти на информатичко општество 4 Вовед во компјутерски науки
F23L2S124 Медиуми и комуникации 4 Вовед во компјутерски науки
F23L2S164 Теорија на информации со дигитални комуникации 4 Веројатност и статистика или Математика 3 или Бизнис и статистика

Изборни предмети од група F23L2W

Код Предмет Препорачан семстар Зависности
F23L2W006 Веројатност и статистика 3 Калкулус 1 или Математика 1
F23L2W055 Мултимедијални технологии 3 Вовед во компјутерски науки
F23L2W067 Основи на теоријата на информации 3 Калкулус 1 или Математика 1
F23L2W096 Дигитизација 3 Вовед во компјутерски науки
F23L2W100 Економија за ИКТ инженери 3 Бизнис и менаџмент
F23L2W104 Инженерска математика 3 Калкулус 1 или Математика 1
F23L2W109 Интернет програмирање на клиентска страна 3 Структурно програмирање
F23L2W147 Основи на комуникациски системи 3 Математика 1 или Калкулус 1
F23L2W165 Управување со техничка поддршка 3 Освоени најмалку 18 ЕКТС
F23L2W167 Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси 3 Структурно програмирање

Изборни предмети од група F23L3S

Код Предмет Препорачан семстар Зависности
F23L3S010 Дизајн на интеракцијата човек-компјутер 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S012 Интегрирани системи 6 Анализа и дизајн на софтверски барања или Софтверско инженерство
F23L3S028 Претприемништво 6 Освоени најмалку 120 ЕКТС
F23L3S138 Напредни бази на податоци 6 Освоени најмалку 90 ЕКТС
F23L3S022 Управување со ИКТ проекти 6 Софтверско инженерство или Анализа на софтверски барања
F23L3S025 Електронска и мобилна трговија 6 Бази на податоци
F23L3S036 Машинско учење 6 Веројатност и статистика или Бизнис статистика или Математика 3
F23L3S039 Основи на теоријата на компјутерските науки 6 Дискретна математика или Дискретни структури 2 или Математика 2 или Избрани теми од математика
F23L3S040 Вградливи микропроцесорски системи 6 Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури
F23L3S047 Процесирање на сигналите 6 Математика 1 или Калкулус 1
F23L3S054 Методика на информатиката 6 Освоени најмалку 150 кредити
F23L3S057 Работа со надарени ученици 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S059 Администрација на мрежи 6 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3S062 Виртуелизација 6 Оперативни системи
F23L3S063 Дизајн на компјутерски мрежи 6 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3S069 Адаптивни и интерактивни веб информациски системи 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S070 Македонски јазик 6
F23L3S071 Психологија на училишна возраст 6
F23L3S073 Агентно-базирани системи 6 Вештачка интелигенција или Математика 3 или Веројатност и статистика или Бизнис статистика
F23L3S078 Биолошки инспирирано пресметување 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S080 Веб пребарувачки системи 6 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3S083 Виртуелна реалност 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S086 Вовед во когнитивни науки 6 Освоени најмалку 120 ЕКТС
F23L3S087 Вовед во мрежна наука 6 Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Математика 3 или Бизнис статистика
F23L3S091 Географски информациски системи 6 90ЕКТС
F23L3S093 Дигитална форензика 6 Оперативни системи
F23L3S094 Дигитални библиотеки 6 Освоени најмалку 90 ЕКТС
F23L3S101 Етичко хакирање 6 Компјутерски мрежи или компјутерски мрежи и безбедност
F23L3S102 ИКТ за развој 6 Бизнис и менаџмент
F23L3S106 Откривање знаење со длабоко учење 6 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3S107 Интелигентни системи 6 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3S111 Инфраструктурно програмирање 6 Компјутерски мрежи или компјутерски мрежи и безбедност
F23L3S112 Програмски јазици и компајлери 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S113 Компјутерска анимација 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S115 Компјутерски звук, музика и говор 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S118 Континуирана интеграција и испорака 6 Оперативни системи
F23L3S122 Криптографија 6 Дискретни структури 2 или Дискретна математика или Математика 2 или Избрани теми од математика
F23L3S125 Мерење и анализа на сообраќај 6 Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Бизнис статистика или Математика 3
F23L3S127 Мобилни апликации 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S130 Моделирање и менаџирање на бизнис процеси 6 Објектно ориентирано програмирање
F23L3S131 Моделирање и симулација 6 Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Бизнис статистика или Математика 3
F23L3S132 Модерни трендови во роботика 6 Оперативни системи
F23L3S135 Мултимедиски системи 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S139 Web3 апликации 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритни и податочни структури
F23L3S141 Неструктурирани бази на податоци 6 Бази на податоци
F23L3S144 Операциони истражувања 6 Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации или Математика 3 или Бизнис статистика
F23L3S149 Паралелно програмирање 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S150 Податочно рударење 6 Веројатност и статистика или Математика 3 или Основи на теорија на информации или Бизнис Статистика
F23L3S153 Вештачка интелигенција за игри 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури или Вештачка интелигенција
F23L3S155 Сервисно ориентирани архитектури 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S157 Складови на податоци и аналитичка обработка 6 Освоени најмалку 100 ЕКТС
F23L3S159 Софтверски дефинирана безбедност 6 Освоени најмалку 100 ЕКТС
F23L3S160 Софтверски дефинирани мрежи 6 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3S162 Споделување и пресметување во толпа 6 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3S163 Автоматизирање на процеси во машинско учење 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3S166 Учење на далечина 6 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

Изборни предмети од група F23L3W

Код Предмет Препорачан семстар Зависности
F23L3W021 Тимски проект 5 освоени минимум 150 ЕКТС кредити
F23L3W140 Напредно програмирање 5 Објектно-ориентирано програмирање
F23L3W024 Веб програмирање 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W027 Менаџмент информациски системи 5 Софтверско инженерство или Анализа на софтверските барања
F23L3W035 Линеарна алгебра и примени 5 Дискретна математика или Дискретни структури 2 или Математика 2 или Избрани теми од математика
F23L3W037 Паралелно и дистрибуирано процесирање 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W038 Програмски парадигми 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W043 Информациска безбедност 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W044 Компјутерска електроника 5 Дизајн на дигитални кола или Вовед во компјутерски науки
F23L3W048 Софтвер за вградливи системи 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W050 Дизајн на образовен софтвер 5 Освоени најмалку 60 ЕКСТ
F23L3W053 Компјутерска етика 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W056 Персонализирано учење 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W060 Администрација на системи 5 Компјутерски мрежи или компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W064 Дистрибуирани системи 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W065 Сајбер безбедност 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W068 Пресметување во облак 5 Бази на податоци
F23L3W072 Автономна роботика 5 Основи на роботика или Алгоритми и податочни структури
F23L3W074 Администрација на бази податоци 5 Бази на податоци
F23L3W075 Анализа и дизајн на ИС 5 Бази на податоци
F23L3W076 Вовед во анализа на временските серии 5 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3W079 Веб базирани системи 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W081 Визуелизација 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W085 Вовед во биоинформатиката 5 Вештачка интелигенција или Машинско учење или Вовед во науката за податоци
F23L3W088 Вовед во паметни градови 5 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3W089 Вовед во препознавање на облици 5 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3W092 Дигитална постпродукција 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W098 Дистрибуирано складирање на податоци 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W103 Имплементација на софтверски системи со слободен и отворен код 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W105 Иновации во ИКТ 5 Бизнис и менаџмент
F23L3W108 Интернет на нештата 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W117 Компјутерски поддржано производство 5 Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури
F23L3W121 Блоковски вериги и криптовалути 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W123 Машинска визија 5 120ЕКТС
F23L3W126 Методологија на истражувањето во ИКТ 5 Освоени најмалку 150 кредити
F23L3W128 Мобилни информациски системи 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W129 Мобилни платформи и програмирање 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W133 Мрежна и мобилна форензика 5 Комјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W134 Мултимедиски мрежи 5 Компјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W136 Напреден веб дизајн 5 Објектно ориентирано програмирање
F23L3W137 Напредна интеракција човек компјутер 5 Дизајн на интеракцијата човек-компјутер или Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни стуктури
F23L3W142 Обработка на природните јазици 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W145 Оптички мрежи 5 Комјутерски мрежи или Компјутерски мрежи и безбедност
F23L3W148 Основи на роботиката 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W152 Програмирање на видео игри 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W154 Вовед во рударење на масивни податоци 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W156 Системи за поддршка при одлучувањето 5 Вештачка интелигенција или Вовед во науката за податоци или Машинско учење
F23L3W158 Современи компјутерски архитектури 5 Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури
F23L3W161 Теорија на графови и социјални мрежи 5 Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури
F23L3W162 Квантно пресметување 5 Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури
F23L3W200 Сензорски системи 5 Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски архитектури