Барањата за документи отсега се поднесуваат преку „Е-Документи“

Почитувани студенти,

За електронско поднесување барања за издавање документи во iKnow отсега користете го новиот таб „Е-Документи“.

Стариот таб „Документи“ повеќе не се користи за оваа намена. Барањата поднесени преку „Документи“ нема да се обработуваат. Ако сте поднеле барање таму, потребно е повторно да го поднесете преку „Е-Документи“ за да ви бидат обработени..

При поднесувањето следете ги упатствата во системот. Доколку за бараниот документ е предвидена таксена марка, плаќањето се врши во рамки на „Е-Документи“.