ИНТЕРЕН КОНКУРС – За избор/реизбор на демонстратори и демонстратори од индустрија/демонстратори истражувачи за академската 2026/2027 година

За избор/реизбор на демонстратори и демонстратори од индустрија/демонстратори истражувачи за академската 2026/2027 година

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на демонстратори за учебната 2026/27 година.

Критериуми за избор
За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа, согласно Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области) (сл. Весник бр. 91/2024) и тоа сите области од научното поле 1.02 ( Компјутерски науки, информациски науки, образование во информатика и др.) и од научното поле 2.02 областа 2.02.00.14 (Компјутерска техника, информатика и роботика) односно области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД – информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика по квалификација на ОЕЦД (Сл. весник 103/2010) со просечна оценка од најмалку 8,50.

  • учество од 85% на просекот на завршени додипломски студии
  • просекот се коригира со фактор согласно рангирањето на универзитетот
  • 15 % од интервју

Односно за реизбор

  • учество од 60% на просекот на завршени додипломски студии
  • учество од 30% на анкети од наставниците на предмети на кои биле ангажирани претходната година (1-5) – студентите кои имаат оценка под 3 не можат да бидат реизбрани
  • 10% од наука

Обем, надоместок и траење на ангажманот
Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 10 часа вежби односно 6 аудиториски + 4 двојни лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2). За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 36.000,00 денари нето месечно, сума која може да се промени зависно од средствата со кои располага факултетот.

Факултетот може да избира демонстратори од индустрија/ демонстратори истражувачи кој ги исполнуваат минималните законски услови. Демонстраторите од индустрија можат да имаат максимален ангажман од 4 часа вежби.

Кандидатите треба да достават:

  • Пријава за позицијата за која аплицираат (демонстратори или демонстратори од индустрија/ демонстратори истражувачи)
  • Број на индекс од додипломски (за студенти на ФИНКИ) или Уверение за дипломирање од прв циклус студии за студенти кои завршиле на друг факултет
  • Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
  • Број на индекс од втор или трет циклус студии на ФИНКИ или изјава дека ќе се пријават на втор или трет циклус на студии на ФИНКИ во првиот уписен рок
  • Избор на групи од предмети на кои се пријавува (подредени по приоритет). https://finkiukim-my.sharepoint.com/:b:/g/personal/petre_lameski_finki_ukim_mk/EaOmgRo9wOBKmfTmCnt3aN8B2VYu209_ADPd6ohksjYgBQ
  • Заинтересираните кандидати треба сите документи да ги испратат на емаил адресата arhiva@finki.ukim.mk најдоцна до 08.10.2026.