Решение за префрлање од други факултети 2026/27
Согласно одлуката на Наставно-научниот совет, на следните студенти им е зволено продолжување на студиите на ФИНКИ.
|
Бр
|
Име Презиме
|
Универзитет, факултет, насока
|
На студиска програма
|
Решение за признавање испити
|
Број на признаени кредити
|
Квота
|
|
1.
|
Бранко Грендов
|
УГД
|
ПИТ
|
Решение во архива на ФИНКИ
|
58
|
Кофинансирање
|
|
2.
|
Никола Јордановски
|
ФАМНИТ, Словенија
|
ПИТ
|
Решение во архива на ФИНКИ
|
64
|
Кофинансирање
|
|
3.
|
Илија Марков
|
Градежен факултет,
УКИМ
|
ИМБ
|
Решение во архива на ФИНКИ
|
0
|
Државна
|
Сите студенти кои се сложуваат со решенијата, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ, до 12.10.2026. При запишувањето, студентите треба да донесат:
-
Матични документи (свидетелства, дипломи, извод од матична книга на родени и уверение за државјанство)
- Исписница од преходниот факултет
- Уплатница на сметката на ФИНКИ во износ за признавање на положени испити од: – друг универзитет од странство – 400 денари – друг универзитет од земјата – 300 денари – единицата или друга единица на ист Универзитет -200 денари, за секој од признаениете предмети според решението (согласно ценовникот на ФИНКИ) (на пример, за 3 признаени предмети, потребно е да се уплатат 3×400МКД, односно 1200МКД). Исклучок од ова се студентите кои на ФИНКИ преминуваат од ПМФ – студии по информатика или ФЕИТ – ИКИ и ИНФО.
- Документи за запишување на зимскиот семестар
- Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ
- Изјава за доставени документи
- Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
- Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
- Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
- Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
- Потврда за уплата на 1000,00 денари на сметката на ФИНКИ за трошоци од специфика на студиската програма. (пример уплатница)
- Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
- Потврда за уплатени 350,00 денари – Е-УКИМ, (пример уплатница).
- Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
- Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)