Предавање на тема „Синдром на суво око“ на ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ве поканува на предавање на тема „Синдром на суво око“, кое ќе се одржи на 5 ноември 2026 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во амфитеатар А1.
Предавањето ќе го одржи насл. доц. д-р Христијан Дума, специјалист офталмолог, а ќе биде посветено на синдромот на суво око и важноста на грижата за здравјето на очите, особено кај лицата кои поминуваат значителен дел од денот пред компјутерски екрани.
Преку предавањето ќе се отворат прашања поврзани со секојдневните навики и здравјето на очите:
- Колку често трепкаме додека читаме на екран?
- Дали заморот на очите секогаш е последица на недостиг од сон?
- Како да ги препознаеме знаците на замор и непријатност во очите?
Информации за предавањето:
- Датум: 5 ноември 2026 година (четврток)
- Време: 14:00 часот
- Локација: Амфитеатар А1
- Предавач: Насл. доц. д-р Христијан Дума, специјалист офталмолог
Ги покануваме студентите, вработените и сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето и да дознаат повеќе за значењето на правилната грижа за здравјето на очите.
Малите совети прават голема разлика!