ФОКУС Лаб – ФИНКИ е со своите студенти!

Подготовките за првиот колоквиум завршија. На сите студенти им посакуваме многу успех! 🍀

Драги поддржувачи на работата на ФОКУС Лаб,

Од почетокот на академската 2026/2027 година, ФОКУС Лаб беше навистина активен!

Работевме паралелно на три предмети: Структурно програмирање, Математика 1 и Алгоритми и податочни структури. Организиравме десет средби – предавања “Како да се совлада материјалот” и практична работа во групи. Студентска група од прва година започна да работи самостојно под водство на свој колега.

Формиравме и ФОКУС Лаб – international, посебна група со интернационалните студенти кои се запишани на ФИНКИ.

Одѕивот на колегите студенти беше одличен! 👏 Атмосферата на средбите беше работна, исполнета со љубопитност, споделување знаења и колегијална поддршка. Погледнете ги фотографиите и почувствувајте дел од атмосферата!

Посебна благодарност до нашите волонтери – асистенти, демонстратори, тутори, алумни, но и амбициозни студенти кои несебично го споделија своето знаење и време. ❤️

Без нивниот ентузијазам и ангажман, ФОКУС Лаб не би бил тоа што е. Ви благодариме!

Следете нè – продолжуваме со нови активности после првиот колоквиум!

И уште еднаш, нашата најважна порака до секој студент на ФИНКИ: НЕ СИ САМ/А! 💙

Придружи ни се, сподели ги предизвиците на студирањето, учи заедно со колегите и запознај нови пријатели. ФОКУС Лаб е тука за тебе!

Проф. д-р Ана Мадевска Богданова

Раководител на ФОКУС Лаб