Повик за учество на AI Entrepreneurs Lab 2026 – можност за развој на AI и Robotics стартапи и награди до 10.000 евра

Ги информираме студентите, магистрантите, докторандите, истражувачите и алумните на ФИНКИ дека е отворен повикот за учество на AI Entrepreneurs Lab 2026, програма организирана во рамки на EIT Community AI & Robotics, наменета за развој на иновативни идеи и стартапи во областа на вештачката интелигенција и роботиката.

Програмата ќе се одржи од 9 до 13 ноември 2026 година, во Париз, Брисел и Амстердам, во форма на петдневен интензивен bootcamp. Ќе бидат избрани до 15 учесници или тимови, кои ќе имаат можност да работат со искусни ментори, претприемачи, инвеститори и претставници на компании, со цел своите идеи да ги развијат во одржливи бизнис-концепти.

На завршниот Demo Day, до пет најуспешни тимови ќе добијат награда од по 10.000 евра за понатамошен развој на своите стартапи. За избраните учесници постои можност за покривање на трошоците за патување и сместување, согласно условите и расположливиот буџет на програмата.

Кој може да аплицира?

Програмата е првенствено наменета за магистранти, докторанди и лица со завршени постдипломски студии кои имаат иновативна идеја или новоформиран стартап во кој вештачката интелигенција или роботиката имаат централна улога.

Пријавувањето е можно индивидуално или во тим од најмногу две лица. Северна Македонија е меѓу земјите чии кандидати имаат право на учество.

Начин на пријавување и рок

Пријавувањето се врши онлајн, на англиски јазик, со доставување на пополнет формулар, CV за секој член на тимот и кратка презентација на предложената идеја.

Краен рок за пријавување: 21 октомври 2026 година, во 17:00 часот (CET).

Избраните кандидати ќе бидат објавени на 26 октомври 2026 година.

Ги охрабруваме сите заинтересирани студенти, истражувачи и алумни на ФИНКИ, особено студентките и родово балансираните тимови, да ја искористат оваа можност за меѓународно поврзување, менторство и развој на сопствени иновативни решенија.

Корисни линкови:

За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат на north.macedonia@eitcommunity.eu.