Решение за префрлање од други факултети 2026/27

Согласно одлуката на Наставно-научниот совет, на следните студенти им е зволено продолжување на студиите на ФИНКИ.
Бр
Име Презиме
Универзитет, факултет, насока
На студиска програма
Решение за признавање испити
Број на признаени кредити
Квота
1.
Бранко Грендов
УГД
ПИТ
Решение во архива на ФИНКИ
58
Кофинансирање
2.
Никола Јордановски
ФАМНИТ, Словенија
ПИТ
Решение во архива на ФИНКИ
64
Кофинансирање
3.
Илија Марков
Градежен факултет,
УКИМ
ИМБ
Решение во архива на ФИНКИ
0
Државна
Сите студенти кои се сложуваат со решенијата, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ, до 12.10.2026. При запишувањето, студентите треба да донесат:
  • Матични документи (свидетелства, дипломи, извод од матична книга на родени и уверение за државјанство)
  • Исписница од преходниот факултет
  • Уплатница на сметката на ФИНКИ во износ за признавање на положени испити од: – друг универзитет од странство – 400 денари – друг универзитет од земјата – 300 денари – единицата или друга единица на ист Универзитет -200 денари, за секој од признаениете предмети според решението (согласно ценовникот на ФИНКИ) (на пример, за 3 признаени предмети, потребно е да се уплатат 3×400МКД, односно 1200МКД). Исклучок од ова се студентите кои на ФИНКИ преминуваат од ПМФ – студии по информатика или ФЕИТ – ИКИ и ИНФО.
  • Документи за запишување на зимскиот семестар
  • Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ
  • Изјава за доставени документи
  • Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
  • Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
  • Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
  • Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
  • Потврда за уплата на 1000,00 денари на сметката на ФИНКИ за трошоци од специфика на студиската програма. (пример уплатница)
  • Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
  • Потврда за уплатени 350,00 денари – Е-УКИМ, (пример уплатница).
  • Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
  • Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)