Решение за прием, трет уписен рок и одговор на приговорот
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во вториот уписен рок ќе се изврши во студентската служба на факултетот на 22ри и 23ти септември. Потребните документи потребни за запишување на ФИНКИ се дадени во делот Потребни документи.
По завршувањето на вториот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), остануваат слободни места за третиот уписен рок на повеќето студиски програми. Пријавувањето на кандидатите за третиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на 23.09.2026. Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во студентската служба на факултетот од 09:00 до 14:30 часот.
во прилог се одговорите на приговорите до Управата на Факултетот за прелиминарната ранг листа.
|
Приемен бр.
|
Одговор
|
|---|---|
|
138269
|
Се одбива. Управата направи увид во пријавата и утврди дека кандидатот
нема доставено документ за положена државна матура
|