High-Tech Education Center Active

Оглас за пракса – HTEC Group

Published: 03.09.2026 15:01
Deadline: 15.09.2026

Description

HTEC Group е глобална консултантска компанија за софтверско инженерство и развој на дигитални производи. Соработува со Fortune 500 корпорации, иновативни стартапи и високотехнолошки претпријатија, обезбедувајќи технолошки решенија во целиот процес – од стратегија до имплементација.

Ако сакате да стекнете реално искуство, да работите на вистински проекти и да бидете дел од динамична и успешна приказна, ова е вашата шанса.

Ги повикуваме студентите од 4-та година и постдипломските студии да аплицираат за нашата програма за пракса.

Информација за праксата
• Времетраење: 4 недели
• Локација: Во просториите на HTEC Скопје
• Краен рок за пријавување: 15 Септември 2026
• Почеток на праксата: 5 Октомври 2026
• Вработување: За успешните практиканти постои можност за вработување по завршување на праксата

Нашиот план за учење опфаќа имплементација на дизајнерски решенија во областа на податочното инженерство (Data Engineering), backend развојот (Java) и frontend развојот (React). Ќе се фокусираме на пишување чист код и примена на модуларна архитектура, имајќи ги предвид скалабилноста и перформансите.

Вкупниот број на практиканти е ограничен на 14 студенти, распределени според следните технологии:
• Backend (Java) – 6 студенти
• Frontend (React) – 4 студенти
• Податочно инженерство (Data Engineering) – 4 студенти

Процес на селекција
• Тест (во просториите на HTEC Скопје): 17 и 18 Септември 2026
o Прашања од областа на програмирање
• Разговор со тимот за регрутација и селекција: 21 – 25 Септември 2026
o Најдобрите кандидати од тестирањето ќе бидат повикани на разговор (интервју) со тимот за регрутација
• Разговор со менторите на праксата: 28 и 29 Септември 2026

Што нудиме
• Работа на реални бизнис проблеми, а не само теоретски вежби
• Менторство од искусни инженери за време на целата програма
• Практично искуство во професионална развојна средина
• Сертификат за завршена пракса
• Можност за вработување за најдобрите практиканти

Кој може да аплицира
• Студенти на 4-та година или постдипломски студии на ФИНКИ
• Физичко присуство со полно работно време за времетраење на праксата во просториите на HTEC Скопје
• Основно познавање на програмирање и интерес за практична, тимска работа
• Мотивација за учење и решавање на реални проблеми

Како да аплицирате

https://htec.com/careers/internship/#skopje-software-engineering-internship-ckTs