Славе Темков
Славе Темков е роден 1999 година во Кавадарци, каде што го завршил своето основно и средно образование со континуиран одличен успех. Во 2017 година се запишал на додипломски студии на ФИНКИ, на насоката компјутерски науки и инженерство (КНИ). Дипломирал во мај 2022 година.
Во учебната 2022/2023 година се запишал на втор циклус студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на насоката софтверско инженерство. Студиите ги завршил во март 2026 година.
Од октомври 2022 година е ангажиран како демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а во јуни 2026 година е избран за асистент, изведувајќи аудиториски и лабораториски вежби на повеќе предмети.
Полиња од негов научен интерес се: машинско учење, анализа на временски серии, инженерство и анализа на големи податоци, софтверско инженерство.