Основи на комуникациски системи

Основи на комуникациски системи

1.

Наслов на наставниот предмет

Основи на комуникациски системи

Fundamentals of communication systems

2.

Код

F23L2W147

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

2 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Мирослав Мирчев

9.

Предуслови за запишување на предметот

Математика 1 или Калкулус 1

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Студентите ќе се запознаат со основните концепти за анализа на реалните сигнали и системи, со посебен фокус на анализата на комуникациски сигнали и нивниот пренос низ медиум, типовите на модулација и влијанието на шумот врз модулациските техники. Дополнително студентите ќе се здобијат со познавање од софтверски дефинирано радио, современите комуникациски системи и нивниот тековен развој.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Вовед во комуникациски системи 2. Комуникациски сигнали и медиуми 3. Анализа и пренос на сигнали 4. Амплитудна и аглова модулација 5. Семплирање и пулсно-кодна модулација 6. Принципи на дигитален податочен пренос 7. Пречки при пренос и нивното влијание врз модулацијата 8. Софтверски дефинирано радио 9. Техники за проширен спектар 10. Современи дигитални комуникациски технологии 11. Тековен развој на комуникациски системи 12. Студија на случај: оптички и безжични системи Вежби: 1. Вовед во комуникациски системи 2. Комуникациски сигнали и медиуми 3. Анализа и пренос на сигнали 4. Амплитудна и аглова модулација 5. Семплирање и пулсно-кодна модулација 6. Принципи на дигитален податочен пренос 7. Пречки при пренос и нивното влијание врз модулацијата 8. Софтверски дефинирано радио 9. Техники за проширен спектар 10. Современи дигитални комуникациски технологии 11. Тековен развој на комуникациски системи 12. Студија на случај: оптички и безжични системи

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности 15.1 и 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски или англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4582

B. P. Lathi and Zhi Ding

Modern Digital and Analog Communication Systems, 4ed

Oxford university press

2009

4583

John G. Proakis, Masoud Salehi

Fundamentals of Communication Systems

Pearson

2014

4584

A. Oppenheim, A. Willsky, and S. Nawab

Signals and Systems: Pearson New International Edition

Pearson

2013

4585

Sanjit K. Mitra

Signals and Systems

Oxford University Press

2016

4586

U. Madhow

Introduction to Communication Systems

Cambridge University Press

2014

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година