Мобилни апликации

Мобилни апликации

1.

Наслов на наставниот предмет

Мобилни апликации

Mobile applications

2.

Код

F23L3S127

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

4 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

проф. д-р Љупчо Антовски ворн. проф. д-р Петре Ламески проф. д-р Владимир Трајковиќ

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


По завршувањето на предметот се очекува студентот да има продлабочено знаење во примена на технологиите и алатките за дизајн и развој на мобилни апликации.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Модерни пристапи во развојот на мобилните апликации 2. Преглед на iOS како платформа за развој на мобилни апликации 3. Структура на iOS апликациите 4. Планирање и развој на комерцијална мобилна апликација 5. Кориснички интерфејси слеани со оперативниот систем 6. Правила за развој и планирање на кориснички интерфејс во iOS 7. Оптимизација на ресурси кај мобилните апликации 8. Податочни структури и работа со меморијата во мобилните уреди 9. Бази на податоци кај мобилните уреди и интеграција со надворешни сервиси 10. Вештачка интелигенција и машинска визија во мобилните апликации 11. Мобилните апликации во здравството, банките и електронската комерција 12. Примери на мобилни апликации во iOS од индустријата 13. Публикување на мобилни апликации во iOS (најдобри практики) Вежби: 1. Основи на Swift 2. Преглед на развојната алатка XCode за развој на мобилни апликации во Swift 3. MVC - Модел, Поглед и Контролер парадигма за развој на апликации, животен циклус на апликацијата 4. Видови на погледи кај мобилните апликации, развој на апликација со еден поглед 5. Развој на апликации со повеќе погледи и транзиции на погледи 6. Програмирање на погледи со адаптабилен распоред и големина 7. Анимации на транзициите и на погледите, пренос на податоци меѓу погледите 8. Чување на податоци кај мобилните уреди 9. Прикажување на податоци во табели и колекции 10. Програмирање паметна апликација во Swift со користење на различните видови на сензори и камерата со вградените рутини за процесирање на слики и вештачка интелигенција во iOS 11. Поврзување со веб сервиси и надворешни сервиси на апликаицијата и нотификации 12. Отстранување на грешки кај апликацијата, најдобри практики за програмирање, користење на библиотеки надвор од основната рамка 13. Публикување на апликација

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Навремено доставување на сите домашни задачи и проект

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4498

Matt Neuburg

iOS 11 Programming Fundamentals with Swift: Swift, Xcode, and Cocoa Basics

O`Reilly

2017

4499

Donny Wals

Mastering iOS 11 Programming - Second Edition: Build professional-grade iOS applications with Swift 4 and Xcode 9

Packt

2017

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година