Визуелизација

Визуелизација

1.

Наслов на наставниот предмет

Визуелизација

Visualization

2.

Код

F23L3W081

3.

Студиска програма

Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Software engineering and information systems, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Интернет, мрежи и безбедност, Информатичка едукација, Software engineering and information systems, Стручни студии за програмирање, Стручни студии за програмирање,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Зимски

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Катарина Тројачанец Динева проф. д-р Сузана Лошковска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Алгоритми и податочни структури или Примена на алгоритми и податочни структури

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Предметот треба да овозможи запознавање на студентите со концептот на вузуелизација на податоци, избор на техники и алгоритми за визуелизација на различни податочни множества, и нивна програмска реализација. По завршување на курсот се очекува студентот да демонстрира познавање на концептот на визуелизација на податоци, да знае да избере и да реализира алгоритми за визуелизација на различни видови податоци програмски и со користење на алатки за визуелизација.

11.

Содржина на предметната програма:


Предавања: 1. Визуелизација. Вовед. Основни концепти. Репрезентација. Успешни примери низ историјата. Поим за лоши визуелизации. Фактор на лажење. 2. Процес на визуелизација. Проточен модел на процес за визуелизација. Податочни видови и графичка репрезентација (континуални и дискретни вредности, едноставни и сложени вредности, информации, структура на податоците). Визуелизациски техники за различни видови податоци. 3. Визуелизација на скалари. Визуелизациски техники со користење на боја. Графикони. Пити. Хистограми. 4. Визуелизација на скалари. Изоконтури. Изоповршини. Алгоритам на марширачки коцки. 5. Визуелизација на скалари. Волуменска визуелизација. Техники за волуменска визуелизација. 6. Визуелизација на векторски податоци. Техники. Користење на знаци. Визуелизација со користење на боја. Визуелизација со користење на различни репрезентации на тек. 7. Визуелизација на информации. Видови податоци. Класификација на техники. Геометриски техники. Техники базирани на икони. 8. Визуелизација на информации - 2. Техники базирани на пиксели. Хиерархиски техники. 9. Визуелизација на информации - 3. Техники базирани на графови. Хиперболични визуелизации. Конусни дрва. 10. Визуелизација на информации -4. Дисторзиски техники. 3Д техники.

12.

Методи на учење:


Предавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.2 и 16.1

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

4259

Andy Kirk

Data Visualization: a successful design process

Packt Publishing Ltd.

2012

4260

Alexandru C. Telea

Data Visualization: Principles and Practice, Second Edition

A K Peters/CRC Press

2014

4261

by Matthew O. Ward,‎ Georges Grinstein,‎ Daniel Keim

Interactive Data Visualization: Foundations, Techniques, and Applications, Second Edition

A K Peters/CRC Press

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година