Софтверско инженерство за критичните системи

Софтверско инженерство за критичните системи

1.

Наслов на наставниот предмет

Софтверско инженерство за критичните системи

Software Engineering for Critical Systems

2.

Код

m23_s_020

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Пресметување во облак, Управување во информатички технологии, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Софтверско инженерство,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

ворн. проф. д-р Магдалена Костоска Ѓорчевска

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Во овој курс се воведуваат концептите и методите за развој на “критични системи” – системи чиј пад може да резултира со загрозување животи, животната околина или преживувањето на даден бизнис. Важно е критичниот софтвер да не се разгледува изолирано туку како дел од поголем систем кој вклучува хардвер, софтвер, луѓе и процеси. По завршување на курсот студентите ќе бидат во можност да: ги разберат основните претставувања на зависности во софтвер, да извршат анализа, да можат да ја анализираат инфраструктурата и нејзините закани, да вршат развој на критичен софтвер, да се запознаени со посточеки светски стандарди.

11.

Содржина на предметната програма:


Анализа на безбедност и ризик, Идентификација на потенцијални проблеми, Анализа на побарувања за критични системи, Принципи за дизајн за критични системи како редундантност, Дизајн на архитектира со осврт на надежност, одржливост и поддршка, Развој на критични системи со евалуација, Стандарди, Организациони аспекти, Улога на човечка грешка.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

0 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

45 часови

16.2.

Самостојни задачи

45 часови

16.3.

Домашно учење

30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

0 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

45 бодови

17.3.

Активности и учење

0 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

реализирани активности

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6657

Perrow, C

Normal Accidents: Living with High-Risk Technologies

Princeton University Press

1999

6658

Leveson, N.G.

Engineering a Safer World

MIT Press

2011

6659

Roland, H.E. and Moriarty, B.

System Safety Engineering and Management (2nd ed)

Wiley

1990

6660

Ian Sommerville

Software Engineering, 9th edition

Addison Wesley

2011

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година