Бизнис аналитика

Бизнис аналитика

1.

Наслов на наставниот предмет

Бизнис аналитика

Business analytics

2.

Код

m23_s_052

3.

Студиска програма

Пресметување во облак, Data science in computer science and engineering, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Едукација со ИКТ, Еко-информатика, Интелигентни системи, Интернет технологии и сајбер безбедност, Компјутерски науки, Статистика и аналитика на податоци, Софтвер за вградливи системи, Софтверско инженерство, Пресметување во облак, Биоинформатика, Безбедност, криптографија и кодирање, Статистика и аналитика на податоци, Софтверско инженерство, Управување во информатички технологии, Управување во информатички технологии,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор циклус

6.

Академска година / семестар

5 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

доц. д-р Бојан Илијоски проф. д-р Марија Михова

9.

Предуслови за запишување на предметот

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Курсот им овозможува на студентите да ги совладаат алатките за квантитативна анализа и да ги применуваат во деловна средина. Студентите ќе научат како аналитичарите на податоци опишуваат, предвидуваат и ги информираат деловните одлуки во специфичните области на маркетинг, човечки ресурси, финансии и операции. Тие ќе развијат базична писменост на податоци и аналитички начин на размислување, кој ќе им помогне да донесуваат стратешки одлуки врз основа на податоци. Студентите ќе работат на проектот со цел да ги применат своите вештини за да интерпретираат податоци од реалниот свет и да направат соодветни препораки за деловна стратегија.

11.

Содржина на предметната програма:


Модели за бизнис аналитика. Стратегии за бизнис аналитика. Развој и имплементација на информациите на функционално ниво: анализа на клиентите, развој на човечки ресурси, цени, финансии, управување со инвентар. Бизнис аналитика на аналитичко ниво: Дескриптивни статистички методи, листи и извештаи, Методи базирани на хипотези, Методи за рударење на податоци, Истражувачки методи (редукција на податоци, кластер анализа, модели за крос-продажба и над-продажба). Бизнис побарувања. Бизнис анализи на ниво на складиште на податоци.

12.

Методи на учење:


Предавања. Изработка на семинарски и проект.

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 30 + 30 + 60 + 30 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

60 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

60 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

0 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изготвен проект и семинарски работи

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски – Англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

6136

S. Christian Albright (Author), Wayne L. Winston

Business Analytics: Data Analysis & Decision Making

Cengage learning

2015

6137

Business Analytics for Managers: Taking Business Intelligence Beyond Reporting

Gert H.N. Laursen, Jesper Thorlund

John Willey

2017

6138

Herbert Jones

Data Analytics: The Ultimate Guide to Big Data Analytics for Business, Data Mining Techniques, Data Collection, and Business Intelligence Concepts

Bravex Publications

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година