Бизнис и менаџмент

1.Наслов на наставниот предметБизнис и менаџмент
Business and Management
2.КодF18L1W005
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар1 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Развој на менаџерски способности: техничка, концепциска, комуникациска, аналитичка.
Усвојување на рамки, поими, модели и техники од областа на менаџментот.
Презентирање и анализа на примери, студии на случај и најдобри менаџмент практики од повеќе бизнис области и студии на случај на поодделни бизниси.
11.Содржина на предметната програмаОсновни поими и дефиниции на менаџмент; претпријатија и менаџмент; историја на науката за менаџментот; ограничувања и предизвици со кои се соочува менаџментот денес; менаџмент на промени и иновации; менаџмент на општествена одговорност и етика; менаџерите како носители на одлуки; основи на планирање; стратегиски менаџмент; алатки и техники за планирање; традиционални и современи видови дизајн на организациите; менаџмент на човечки ресурси; менаџмент на кариера; менаџмент на тимови; разбирање на однесувањето на поединците; менаџери и комуникации; мотивирање на вработените; лидерство; контролирање; менаџмент на операции; менаџмент во глобално опкружување.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава30 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа45 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење75 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит80 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани актибвности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година