Професионални вештини

1.Наслов на наставниот предметПрофесионални вештини
Professional skills
2.КодF18L1W018
3.Студиска програма
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Прв циклус
6.Академска година / семестар1 / Зимски
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник—
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Целта на курсот е да студентите да се стекнат со вештини потребни за академско и техничко пишување и презентирање, со водење сметка за етиката и критичкото мислење. По завршување на курсот се очекува студентот да може да изработи квалитетни академски текстови (пасус, есеј, CV, формално писмо) на англиски и македонски јазик; да разликува помеѓу различни технички текстови (спецификација, елаборат, извештај, техничка документација) и да идентификува нивни делови; да одржи 15-минутна ефективна презентација на зададена тема на англиски јазик и да одговори на прашања поврзани со презентацијата;
11.Содржина на предметната програмаСодржина по недели: (1) Вовед, нетехнички вештини за еден инженер, начин на кој технологијата ја менува комуникацијата меѓу луѓето, етика наспроти закон (2) Ефикасни комуникациски стратегии, (2) Пишување технички извештаи (1) Вештини за комуникација и презентација (2) Подготовка на презентации, стратегии за ефективна комуникација (1) Користење на визуелна помош и алатки за комуникација (1) Работа во тимови, интердисциплинани тимови, решавање на конфликти (1) Социјални ефекти на инженерските решенија (ризици, сигурност, ...) (1) Етички прашања во професијата (1) Интелектуална сопственост и правни аспекти.
12.Методи на учењеПредавања со користење на презентации, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа.
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време60 + 0 + 15 + 15 + 60 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава60 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа0 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи15 часови
16.2.Самостојни задачи15 часови
16.3.Домашно учење60 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови10 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)15 бодови
17.3.Активности и учење10 бодови
17.4.Завршен испит70 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитРеализирани активности 15.2 и 16.1
20.Јазик на кој се изведува наставатаМакедонски и англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година